Во текот на првите три месеци од оваа година, инвестициската компанија основана и управувана од милијардерот Џорџ Сорос, купила дел од акциите на Tesla, со што компанијата на Илон Маск доби нов соработник

Според агенцијата Reuters, компанијата на Сорос купила банкарски гаранции на Tesla во вредност од 35 милиони долари. Претставник на Сорос одбил да ги коментира овие наводи.

Банкарска гаранција е еден вид на средство кое може да се размени за дел од акциите. Ова му овозможува на инвеститорот да влијае на промената на вредноста на акциите, но исто така му дава поголема сигурност од директното купување на акции.

Илон Маск, кој, како и Сорос, е милијардер, е под постојан притисок од инвеститорите на неговата компанија, кои бараат од него да им докаже дека може да ги реши проблемите со производството и да одговори на прашањата во врска со зачестените сообраќајните несреќи во кои се вклучени автомобили на Tesla.

На крајот од март акциите на Tesla доживеаја значителен пад, поради сомневање за способноста на компанијата да го произведува ценовно достапниот Model 3. Потоа следеше сообраќајна незгода за која како одговорен се смета авто пилотот во автомобилот на Tesla.

Во понеделникот, Маск на своите работници им рекол дека компанијата е во процес на голема реорганизација.

Сорос и претходно беше сопственик на еден дел од акциите на Tesla, но минатата година ги продаде.