J.D. Power го објави овогодинешното издание на студијаta која покажува колку сопствениците се задоволни од услугите што ги добиваат откако ќе купат автомобил

Customer Service Index Study (CSI) е студија во која вообичаено доминираат јапонските брендови, а на самиот врв е Porsche, кој беше севкупен победник минатата година. Годинава победата му припаѓа на Lexus, како бренд од кој сопствениците се најзадоволни. Cadillac се пробил на второто место, а Porsche на третото. Од европските брендови околу индустриски просек се BMW и Audi, додека другите брендови се значително подоле пласирани.

Во доменот на големосериски непремиум брендови, Mini го повторува минатогодишниот успех и ја задржал водечката позиција, пред Buick и Mazda. Во оваа конкуренција од европските марки е присутен само Volkswagen, кој всушност е ниско пласиран.

Доколку се прашувате од кои брендови се најнезадоволни сопствениците, нешто ново скоро и да нема. Фенерот во конкуренција на луксузни брендови го држи Alfa Romeo, додека во конкуренција на поевтини брендови Chrysler нема конкуренција кога е во прашање разочарувањето на сопствениците. Овде особено изненадуваат Mercedes и Genesis, кои од некоја средина сега се до речиси на дното.

Да повториме, индексот CSI не зборува за доверливоста на возилата, туку за задоволството на сопствениците од постпродажбата, како сервис, онлајн помош и слично. J.D. Power нагласува дека студијата сега е значително пообемна, но и дека покажува како сопствениците сега особено ценат кога се информирани за статусот на нивниот автомобил во сервис преку порака и поврзана медиумска содржина.

Исто така, J.D. Power истакнува дека сопствениците на електрични возила се помалку задоволни од постпродажните услуги отколку оние кои возат автомобили на фосилни горива.

Оваа студија се спроведува веќе 42 години.