Сообраќајна несреќа поради која автомобилската индустрија може да биде во проблем?
Возач во Германија слетал од патот додека го користел екранот на допир од мултимедијалниот систем
Г
Имено, судот во Карлсруе донел пресуда дека возачот е виновен затоа што „користел електронски уред додека возел“, што не е дозволено, без оглед на тоа дека станува збор за уред кој е фабрички инсталиран во возилото, а не паметен телефон..
Германецот ќе мора да плати казна од 200 евра, а притоа и нема да може да вози еден месец. За среќа во несреќа, никој не е повреден во несреќата.
Овој инцидент, сепак, отвора многу поважно прашање и најавува сериозен проблем со кој може да се соочат возачите во иднина, не само во Германија.
Одлуката на судот значи дека секој возач кој користи екран на допир додека вози, дури и ако станува збор за поставки, како што е брзината на бришачите, прави прекршок.
Проблемот е до толку поголем што се повеќе современи автомобили имаат сè поголеми екрани на допир преку кои се прават бројни прилагодувања. Од аудио системот, преку светлата и греењето, до климатизација – во модели како што се електричните автомобили Tesla, но и многу други, возачот мора да користи централен екран на допир за сите овие поставки.
Ова често значи да ги свртување на погледот од патот барем на неколку секунди, а понекогаш и подолго, што може да биде исклучително опасно, во некои случаи и трагично.
Производителите на автомобили, кои го форсираат трендот на се поголеми екрани во нивните автомобили сè уште официјално не ја коментирале одлуката на судот во Германија.
Меѓутоа, ако оваа одлука служи како пример за сите слични случаи во иднина, автомобилската индустрија многу лесно ќе навлезе во проблеми. Еден начин да се надмине овој проблем е биде поголема употреба на говорни команди во автомобилот, но прашање е колку тие ќе бидат сигурни и дали ќе можат да ги заменат сите поставки што сега се прават преку екраните за допир.