
Соларниот покрив на Hyundai влегува во сериско производство во три категории
Употребата на сончевата енергија за производство на електрична енергија во автомобилите не е нова идеја. Производителите флертуваат со оваа технологија уште од 1950-тите, кога во Чикаго е претставен таканаречениот Sunmobile
Сепак, никогаш не дошло до масовно усвојување на овие системи во автомобилската индустрија, кои се сметаат за прилично ексцентрични. Сепак, ова може да се промени, веќе во следната година.
Во почетокот на ноември, корејскиот конгломерат Hyundai-Kia, ги објави плановите за неколку модели кои се опремени со соларни панели, почнувајќи од 2019 година. Она што е важно е дека соодветните покриви ќе бидат достапни не само за хибридни и електрични модели, туку и за оние со мотори со внатрешно согорување .
Целта е во конвенционалните автомобили добиената електрична енергија да биде поддршка за процесот на согорување, што пак ќе донесе подобра ефикасност. Кога станува збор за хибридни и електрични возила, истите ќе имаат подобра автономија.
Што е решението на Hyundai
Корејците велат дека нивниот систем функционира само со три компоненти: соларни панели, контролна единица и батерија.
Соларните панели, се разбира, се задолжени да ја собираат сончевата енергија, контролерот се грижи за напонот и струјата со помош наMPPT технологија (Maximum Power Point Tracking), обезбедувајќи максимално производство на електрична енергија од соларните панели.
Оваа енергија потоа се конвертира и може или да се складира во батеријата на системот или може да се користи за потребите на автомобилот, односно за намалување на оптоварувањето на алтернаторот.
Од Hyundai велат дека ќе развијат три различни видови на соларни панели, посебно за секоја група возила: за оние со SUS мотори, хибриди и EV модели.
Како пример, велат од Hyundai, кога се користи панел од 100 W, може да се произведе 100 Wh електрична енергија. Ова, се разбира, може да се постигне исклучиво во идеални услови, што подразбира пладне во лето и интензитет на зрачење од 1.000 W / m2.
Можеби количината на електрична енергија произведена не изгледа нешто многу, но ако се земе во предвид дека на пример, автомобил стои пет часа под отвоRenault небо, чекајќи на сопственикот, во тој случај, може да генерира 0,5 kWh.
Во оваа фаза на развој на електричните автомобили, 0,5 kWh е еквивалентно на нешто помалку од половина од капацитетот на батеријата на хибридниот Hyundai Ioniq.
Сончеви покриви за хибридни автомобили
Првата генерација на новата технологија Hyundai ќе ја примени на своите хибридни модели. Во овој случај, системот е направен од силиконски соларни панели, интегрирани во стандардниот покрив.
Според производителот, кровот ќе може да наполни 30 до 60 проценти од батеријата во текот на денот, со тоа што процентот во голема мера зависи од временските услови и други фактори.
Користењето на соларен покрив кој ќе испрати енергија на моторот со внатрешно согорување е прво во автомобилската индустрија, особено ако се земе во предвид фактот дека Hyundai планира да го во сериски модели.
Со оглед дека е полупроѕирна, втората генерација на соларни панели, исто така, може да се интегрира во панорамски покрив, поради што покрај ефикасна примена на технологијата донесува и естетика.
Од Hyundai велат дека соларниот покрив на конвенционалните модели ќе го намали загадувањето, од едноставна причина што автомобилот ќе користи помалку гориво.
Соларни покриви за електрични автомобили
Продажбата на електрични возила полека се зголемува и ќе се зголемува пропорционално со проширувањето на инфраструктурните мрежи во зависност од пазарот. Обезбедување на можност возилото само да генерира електрична енергија преку соларните панели, дури и за потребите на помошните системи, може секако да влијае на одлуката да се купи електричен автомобил или не.
Од Hyundai велат дека соларните панели за електрични автомобили моментално се во фаза на тестирање, но кога ќе бидат подготвени, Корејците се сигурни дека ќе придонесат за поширока автономија и пократко време за полнење на батеријата.