Спортската верзија на малиот SUV на Honda под хаубата има 1.5-литарски турбо бензински мотор од Civic

Понудата за HR-V моделот во Европа во 2019 година ќе биде побогата за спортска верзија. Новиот модел има поспортски изглед, благодарение на надворешните стилски додатоци, како црна решетка (за разлика од хромираната во стандардниот HR-V) или затемнети задни стоп светла.

Тука се и декоративните црни додатоци на лаците над тркалата, поагресивниот изглед на задниот браник, црните куѓишта на ретровизорите како и специјалните 18-инчни врни алуминиумски фелни.

Внатрешноста доаѓа во комбинација од црно и темно црвено, а седиштата имаат подобра странична поддршка од стандардните.

Додека кај стандардниот HR-V модел „небото“ доаѓа во светли бои, овде исто така е решено во црноа боја.

Honda не ги објави сите технички детали и податоци за перформансите, но се знае дека под хаубата се наоѓа 1.5-литарски турбо бензинец кој испорачува 180 коњски сили.

Јапонскиот производител на автомобили објави дека го променил системот за суспензија и комплетното подвозје на автомобилот за да се подобри управливоста.

На купувачите стандардно ќе им биде понуден рачен менувач со шест брзини, а како опција ќе биде достапен и автоматски CVT.

Цената на Honda HR-V Sport се уште не е позната, а овој модел ќе биде достапен во продажба од следната пролет.