Инцидентот се случил пред два дена, а полицијата се уште не го открива идентитетот на сторителот

Канадската полиција објави неверојатна снимка од вандали кои возат украдено Audi A4 низ трговски центар. Инцидентот се случил пред два дена во градот Лавал, Канада.

Портпаролот на полицијата Клинт Витни објаснува што се случило:

„За среќа нема повредени, но причинета е значителна материјална штета. Пред вандализмот, осомничените украле „Audi А4“, а откако се возеле низ трговскиот центар го оставиле автомобилот и избегале.

„За жал, се уште не го откривме идентитетот на сторителот“, вели портпаролот на полицијата.

Иако видеото тоа не го открива, осомничените упаднале во продавница за електроника и направиле голема штета.