Децата и кучињата сега ќе бидат побезбедни во автомобилите на Tesla

Досадните автомобилски аларми кои ги вознемируваат соседите кога се активираат би можеле да заминат во историјата ако новиот „експеримент“ на Tesla се покаже дека е ефективен.

Имено, по најновите ажурирања на софтверот во автомобилите на Tesla, истите ќе имаат навистина посебен аларм кој треба да ги спречи грабежите и кражбите.

„Sentry Mode“ ги користи сензорите во автомобилот за да открие кога некој ќе се приближи премногу до возилото. Кога ќе открие потенцијален провалник, тој вклучува осум камери кои се на возилото и го снима натрапникот, а притоа го активира и алармот. И тоа не било каков аларм кој иритира, туку класична музика која е невозможно да се игнорира.

Како што напиша самиот Илон Маск, од загрозените Тесли ќе ечи Токата и Фуга на Бах, но во нешто помодерна верзија.

Но, ова не е единствената новина во автомобилите на Tesla откако ќе го добијат редовното надградување на софтверот.

Одговарајќи на молба на еден сопственик на Tesla, Муск го претстави и таканаречениот режимот за кучиња или Dog Mode, односно посебен начин на работа што треба домашните миленици (и децата) во автомобилот да ги заштити од прегревање.

Така, сопствениците на автомобили ќе можат безбедно да ги остават своите миленици, да им го вклучат радиото и климатизацијата, а на сите загришени ќе им даде јасна порака на екранот „Јас сум во ред, сопственикот е во близина“.

Сè уште не е јасно дали овие опции ќе бидат бесплатни за сопствениците на автомобилите на Tesla, но тоа покажува колку Маск и екипата ги слушаат своите клиенти.