Smart ForFour заминува во историјатa
Smart ForFour дефинитивно не се прослави. Настана како дериват на Daimler од оригиналниот Renault Twingo, но клиентите никогаш не ценеа овој производ на Smart
Smart ForFour досега помина седум години на пазарот, а крајот на неговата кариера ќе дојде во август следната година. Smart нема да понуди директен наследник, но затоа тука е новиот кросовер кој ќе го заземе местото на ова возило во гамата, а чија премиера ќе биде на овогодинешниот саем за автомобили во Париз.
Овој бренд престана да нуди го ForFour во конвенционално издание уште пред три години, од кога е достапен исклучиво како електрично возило. Главната „болка“ на електричната варијанта е многу краткиот опсег, особено за денешно време кога електричните модели можат лесно да поминат 200 км со целосно наполнета батерија.
Smart ForFour EQ има капацитет на батерија од 17,6 kWh, а автономијата е многу скромна – само 133 километри.
Smart исто така останува без фабрика во Европа – фабриката во Хамдах е продадена на британската компанија INEOS. Наследникот на ForFour ќе биде нов кросовер базиран на платформата SEA развиена од Geely. Најверојатно, тој автомобил ќе се произведува во Кина, и токму оттаму ќе се обиде да ги освои европските клиенти.