Има дополнително оплеменета внатрешност, како и ексклузивни детали за каросеријата и стандардни 19-инчни тркала

Таму некаде во летото 2002 година, Volkswagen го лансираше првиот Golf R32, еден од најмоќните спортски компактни автомобили во тоа време. Првично замислен како модел во лимитирано издание, брзиот глобален успех ја поттикна компанијата со седиште во Волфсбург да се впушти во вистинска линија на R модели, до ден-денес.

Сега, 20 години подоцна, дебитира Golf R „20 Years“, најмоќната и најдобро опремена верзија досега.

Славеничкото издание се издвојува пред се со моторот – 2.0 TSI со зголемена моќност на 333 КС (+13 КС во споредба со традиционалниот Golf R). Одзивот на моторот и менувачот е прилагоден за чувството на спортското возење биде уште поизразено, а при рачно менување во режимите S и S+, DSG менувачот дава брз фидбек на возачот, додека моторот користи предоптоварување на турбо полнач за да обезбеди поголема непосредна моќност за време на забрзувањето.

Останувајќи на темата за искуство во возењето, Golf R „20 Years“ располага и со специјални профили за возење (дизајнирани на Нирбургринг) и режим Drift кој овозможува контролирано занесување.

Славеничката изведба има дополнително оплеменета внатрешност, како и ексклузивни детали за каросеријата, а стандардни се 19-инчните алуминиумски тркала Estoril со црни и сини влошки и спојлер кој дополнително ја подобрува аеродинамичната страна на автомобилот.

20-годишнината е означена и со значката „20“ на средниот носач на кровот и проекција на логото „20 R“ на тлото кога се отвора влезната врата.

Германскиот бренд не го запоставил ниту ентериерот. Специјалниот Golf R е првиот Volkswagen кој е опремен со карбонски елементи во кокпитот на таблата со инструменти и панелите на вратите. И, се разбира, не недостасуваат кожни спортски седишта Nappa со сини шевови (во совршена комбинација со Lapiz Blue метализирана боја) и логоата „R“ кои ја нагласуваат ексклузивноста на моделот.

 

Golf R 20 Year стандардно го вклучува и пакетот „R-Performance“ (кој вклучува и векторирање на вртежниот момент R-Performance).

Оние кои сакаат да го паркираат овој Golf во гаража, ќе мора да побрзаат. Германците најавија дека моделот ќе биде достапен само до средината на 2023 година, а се очекува да чини повеќе од 55.000 евра.