Чешкиот производител Škoda го следи амбициозниот план на Volkswagen и најавува скоро еден нов модел секој месец во текот на следните две години

Првите луѓе на компанијата од Млада Болеслав по рекордната година по бројот на продадени единици (1.200.500) со големи амбиции влегуваат и во следниот период.

Škoda најави лансирање на 19 нови модели (вклучително и рестилизирани модели од моменталната понуда) во следните две години.

Оваа серија треба да ја отворат електричниот Citigo, хибридниот Superb, па Vision X, кој е презентиран како концепт на неодамна завршениот салон за автомобили во Женева како решение на Škoda во класата на кросовери од B-сегментот.

Superb за 2019 година ќе биде првиот хибриден модел на Škoda, кој погонската основа ќе да дели со Volkswagen Passat GTE.

Првиот електричен автомобил на Škoda ќе биде градскиот Citigo, кое исто така на пазарот ќе се појави следната година.

Во плановите на Škoda е до крајот на деценијата во понудата да има десет електрични и хибридни автомобили.

Автомобилите од Млада Болеслав наместо во 102 земји како досега, ќе може да се купат во 120 земји на глобално ниво. Се разбира, Чешка, Германија и Кина ќе останат главните пазари.