Сите возила на Honda на европскиот пазар ќе бидат електрифицирани од 2025 година
Јапонскиот производител си дал рок од шест години за целосно електрифицирање на своите модели во Европа
Во 2017 година, Honda објави план според кој до 2025 година, две третини од автомобилите што се продаваат на европскиот пазар треба да бидат опремени со електрични мотори, односно да имаат или хибриден или чисто електричен погон.
На овогодинешниот Саем на автомобили во Женева, планот е ревидиран, па јапонските претставници изјавија дека новата цел за Европа е продажба само на електрифицирани автомобили на Honda од 2025 година.
Еден од најважните модели во стратегијата за електрификација на Honda е Prototype прикажан на штандот на компанијата во Женева.
Овој урбан, чисто електричен автомобил, со во ретро дизајн, на продажните места пристигнува во втората половина од годината. Се очекува дека ќе може да премине преку 200 км со целосно наполенти батерии, а дополнувањето до 80% од капацитетот на батериите на брз полнач би траело околу 30 минути.
Од друга страна, Honda успешно започна со хибридизација на постојните модели во Европа со воведување на новата верзија на SUV моделот CR-V со хибридниот погон, што е само вовед во новите хибриди на јапонскиот производител кои ќе следат.