Според проценките системот ќе го скрати времето за доаѓање на итна помош за 50 отсто во руралните области и 60 отсто во урбаните средини

Од пред два дена во ЕУ е во сила е законот според кој во сите нови типови на патнички и лесни товарни возила мора да има инсталирано електронски безбедносен систем 112 е-повик (112 e-Call) кој автоматски ги алармира службите за брза помош и им ја јавува локацијата на сообраќајната несреќа.

Законот во ЕУ по ова прашање, е усвоен во 2015 година, а неговата примена започна во саботата на 31 март 2018 година.

Системот Е-повик автоматски го повикува единствениот европски број за итни повици 112 во случај на тешка сообраќајна несреќа и преку европскиот сателитски систем Галилео ја јавува локацијата на службите за брза помош. Овој систем, кој може да се активира и рачно, а обезбедува само суштински информации и не ги снима или чува податоците.

Системот, на службите за брза помош ќе им ја јави точната локација на возилото, времето на несреќата и насоката во која се движело возилото, што е особено важно на автопатиштата, дури и ако возачот е во несвест или не е во состојба сам да се јави. Со ова се решава проблемот во случај кога возачот се наоѓа за него непозната област и не знае како да ја посочи локацијата на службите за итни случаи.

Според проценките системот ќе го скрати времето за доаѓање на итна помош за 50 отсто во руралните области и 60 отсто во урбаните средини, со што ќе се спасат многу животи.