Што може едно електрично Audi? / ВИДЕО
Streif е една од најпознатите скијачки патеки, со наклон од дури 85%. Но, тоа не е проблем за овој автомобил…
Станува збор за Audi, но овојпат не за рекламирање на Quattro погонот, туку електричната енергија и првиот електричен модел чии први примероци веќе патуваат кон нивните сопственици. По Land Rover и Jaguar кој направија „чуда“ со нивните возила, кон листата неодамна се приклучи Mercedes со G-класата на брана, а сега на ред е и Audi.
Потфатот е на скијачка патека за спуст. Се разбира, избрана е најстрмната патека, онаа во австрискиот Кицбил. Зад управувачот на возилото е рели возачот Матијас Екстром. Нека не ве изненади јажето кое ќе го видите, бидејќи, како што велат од Audi, тука било само од безбедносни причини.