Што е потребно за нов електричен автомобил да чини 20.000 евра?! Еве како размислуваат во Volkswagen
Важни се едноставноста на моделот и автоматизација на производната линија, или севкупно гледано – време по автомобил
Има неколку предизвици кои доаѓаат со претставувањето на електричен автомобил од 20.000 евра, а според Volkswagen точно се знае колку време треба да се потроши за неговото производство. Времето е клуч, заедно со неколку други елементи во производството.
Едно од најрелевантните прашања е изборот на батерија со одредена големина со цел на автомобилот да му обезбеди добра автономија, но батеријата не смее да биде преголема (скапа) и мора да има малку поевтина хемија. На ова возило ќе треба да му се пристапи како главен глобален модел или Volkswagen ќе се здружи со партнер, кој ќе произведува сопствена верзија на автомобилот, за да ги сподели трошоците со него, па се чини дека и основната MEB Entry платформа е практично исклучена.
Сепак, уште еднаш, клучот е времето потребно за производство на тој модел. Ова за Automotive News го објаснува Кристијан Волмер, директор на производството на Volkswagen, кој истакнува дека точната локација на која ќе се произведува моделот не е толку важна колку времето потребно за негово производство.
„Не е важно каде е произведен автомобилот, дали е Германија, Источна или Јужна Европа. Важно е на неговото создавање да потрошите најмногу 15 часа.
Затоа, Важни се едноставноста на моделот и автоматизација на производната линија, или севкупно гледано – времето! Треба да се спомене дека VW размислува за Индија како дестинација каде што би можел да го произведува својот евтин електричен автомобил.