Новата осма генерација на кралот во хеџбек сегментот и официјално го здогледа светлото на денот

Таткото на оригиналниот модел, Џурџето Џуџаро, во седумдесеттите години на минатиот век сигурно неможел ни да претпостави, па ниту да сонува за над 35 милиони примероци продадени во седум генерации.

Како и секогаш претходно, дизајнерски новиот Golf е еволуција, што само по себе зборува за успехот на оригиналната креација на Џуџаро. Она што веројатно ќе биде најпрепознатливо, што се однесува до „осумката“, е нејзиниот анфас, кој многумина го опишуваат како „висечки“. Без дилема, на дизајнерите им било наложено Golf да го направат колку што е можно поубав, „пофенси“, без разлика за кое ниво на опрема станува збор, но и веројатно најспортски досега.

LED лентата со целосна ширина е резервирана за попрестижни пакети со опрема.

Салонскиот простор и контролната табла се чекор напред, ако не и поблиску до премиум сегментот. Новиот Golf е технолошки понапреден и „поинтелегентен“ од кога било досега, поврзан на интернет во секое време. Просторноста е клучна, а иако платформата MQB не е премногу модифицирана за осмата генерација, пакетот сепак е малку подобар во однос на седмицата.

Како појава, новитетот е препознатлив, но со најдобат коефициент на отпор на воздух досега – 0,275. Севкупно гледано е малку поголем споредено со претходната генерација, 4.284 mm во споредба со 4.258 mm. „Осмицата“ е малку потесна, 1.789 mm во споредба со 1.799 на моделот во заминување. Меѓуосовинското растојание останало речиси идентично – 2.637 mm наспроти 2.636 mm кај „седмицата“.

Дигиталниот инструмент кластерот и екранот на допир доминираат во салонот, додека рачката на менувачот со двојна спојка е навистина прекрасно дизајнирана со целата своја едноставност.

Што се однесува до погонскиот дел, фокусот е ставен на два plug-in хибриди со 150 и 180 kW, кои користат батерија од 14 kWh и таканаречените „благи“ хибриди кои користат систем од 48 V и EA288 турбо дизел (12 V) кој испорачува 150 КС . 

Значи, ќе бидат достапни вкупно пет хибридни погони. Претходно споменатите plug-in хибриди и три во „благо“ хибридно издание, со 110, 130 и 150 КС.Како што се очекуваше, е-Golf своето место го отстапи на исто така целосно новиот ID.3 и повеќе нема да биде достапен.

Трицилиндерскиот 1.0-литарски турбо бензинец ќе биде достапен во верзии со 90 и 110 КС, додека 1.5-литарскиот турбо со четири цилиндри со 115 и 150 КС. Покрај помоќната варијанта од 150 КС, 2.0-литарскиот турбодизел ќе биде достапен и со 115 КС.

На светската премиера на Mk8, детали за моделите GTI и R не беа објавени. 

Што донесува како опрема новиот Golf?

Сите Golf единици без дополнителна надокнада доаѓаат со следниве добра: LED предни и задни светла, старт без клуч, дигитални инструменти и 8,25-инчен дисплеј од инфо-забавниот систем, We Connect и We Connect Plus, мултифункционален волан, автоматска климатизација, систем за одржување на возилото во сообраќајната лента, нов turn-off асистент, Front Assist, систем за заштита на пешаците и технологијата Car2X.

Моделите со Life пакет на опрема доаѓаат со 16-инчни алуминиумски тркала, надворешно осветлување на „задницата“ (вклучително и проекција на логото на земја), интерфејс за полнење на паметни телефони, безжична интеграција на мобилни телефони, амбиентално осветлување со 10 различни нијанси, централен потпирач за рака во предниот дел, паркинг асистент… Ако се определите за Style модел добивате 17-инчни фелни, дополнителен хромиран трим, спортски седишта, 32 бои за амбиентално осветлување, LED предни светла со осветлување во свиоци, светла за лоши временски прилики, задни LED кластери, патна помош и систем за одржување на возилото во сообраќајната лента

Следува R-Line пакетот со неговите 17-инчни Sebring фелни, R-Line браници, сјајни црн прагови со висок сјај, заден дифузор, премиум спортски седишта, избор на режим на возење,перфорирана кожа за воланот…

Последна, но не и најмалку важна е и хибридната верзија GTE, која доаѓа со светлечки ленти во решетката на ладилникот, браници специфични за GTE, специјални алуминиумски 17-инчни фелни, спојлери на покривот GTE и пошироки панели на странични прагови. Внатре, спортски седишта, пулсирачко копче за стартување на возилото, педали од нерѓосувачки челик и 30 достапни бои за системот за амбиентално осветлување.

Најдоброто што можете да го изберете во однос на дисплеите се опционалните 10-инчни инфозабавни системи, кои во спрега со главниот систем за навигација Discover Pro го создаваат иновативниот кокпит. Ако тоа не е доволно, додавањето на звучниот систем Harman Cordon.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”17CUg4RR9KT8DAupSghJfBffrqZc1XpFf” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

Првите примероци, Европјаните ќе ги добијат во почетокот на 2020 година.