Првиот човек на BMW M одделот, Френк ван Мил, во интервју за изданието Car and Driver, вели дека според него, рачните менувачи веќе немаат никаква смисла

“Употребата на рачни менувачи повеќе не е рационална, но тоа не значи дека ние ќе престанеме да поставуваме ваков тип на менувачи во нашите автомобили“, вели менаџерот на BMW M.

Имено, тој појаснува дека BMW донесува одлуки врз основа на желбите на клиентите и тие (засега) се уште сакаат модели со рачен пренос, па очигледно е дека Баварците нема да можат целосно да се префрлат на автоматизација уште некое време.

Френк ван Мил го изразил своето мислење и покрај желбите на купувачите за некои други работи, кои, исто така, го предвидуваат крајот на горенаведениот преносен систем. Прво, тој ја нагласува електрификацијата, а потоа и автономните возила.

Иако врз основа на овие изјави, може да се заклучи дека BMW M тешко туку така ќе дигне раце од рачниот менувач, има се повеќе и повеќе модели со ознака М што доаѓаат исклучиво со автоматски менувач.