Дитер Цетче се обрати до Британскиот народ

Првиот човек на Daimler, д-р Дитер Цетче, упати отворено писмо до граѓаните на Велика Британија за Brexit. Велика Британија треба да ја напушти Европската унија за неколку седмици, но се уште има огромен број нејаснотии што точно ќе се случи. Промената ќе влијае и на тимовите од Formula 1, кои се мултинационални групации со база на Островот и во кои работат луѓе од целата ЕУ.

Mercedes во основа е германска компанија, но одделот за Formula 1 е целосно базиран во Велика Британија – фабриката на тимот се наоѓа во Баркли, а моторите се произведуваат во Бриксворт. Поради се ова, Цетче напиша отворено писмо, кое деновиве беше објавено во угледниот Times.

“Без вашата голема нација овој континент нема да биде она што е денес – заедница, заснована на слобода и просперитет. И покрај ужасите од Втората светска војна вие не не отфрливте. Напротив, ја прифативте Германија како суверена нација и европска сила. Ние, Германците, тоа не го забораваме и секогаш ќе бидеме благодарни!

Ние сме целосно свесни дека слободата на која се радуваме денес како Европејци, во голема мера е извојувана и одбранета од британскиот народ, и затоа сакаме да го знаете следново: ние го почитуваме вашиот избор. Тој е Ваш, не е наш. Иако сакате да ја напуштите ЕУ, секогаш ќе имате пријатели во Германија и во Европа. Но, ние исто така сакаме да знаете дека нема избор кој е неповратем. Нашите врати секогаш ќе бидат отворени, без оглед на се! Европа е наш дом.

Станавте дел од она што сме, Европејци. Затоа ќе ни не недостигате. Ќе ни недостасува легендарниот црн хумор, како и одењето во паб по напорната работа. Ќе ни недостасува чајот со млеко и возењето од лева страна. Најмногу ќе ни недостига, британскиот народ – нашите пријатели од другата страна на каналот. Ќе ви недостасувате како дел од Европа, особено во овие проблематични времиња.

Затоа би сакале да го знаете следново: од дното на нашето срце би сакале да останете!“

Со љубов, Вашите пријатели од Германија.