Aston Martin последниве години, се чини дека нема ниту едно промашување. Новиот перформантен убавец доаѓа од соработката со име по кое многумина воздивнуваат

Совршената комбинација е Aston Martin DBS Superleggera TAG Heuer Edition. Сега не можете само да купите часовник од овој реномиран швајцарски производител, туку можете и да го добиете – доколку сте подготвени да одвоите поголема сума на пари и тоа е многу брзо.

Од моделот има само 50 единици, а цената лесно може да надмине 300.000 евра.

Со оглед дека и оваа слика е нешто многу повеќе од само зборови, само ќе дополниме дака доминантно сцрвената боја на автомобилот е збогатена со карбон и срвени детали, како од надвор, така и внатре. Под капакот се наоѓа стандардниот 5.2 V12 со 725 КС и 900 Nm, што преведено значи спринт до 100 km/h за околу 3,4 секунди и максимум 340 km/h.