Производната верзија на најлуксузното купе на BMW својата светска премиера ќе ја има пред познатата трка за издржливост, 24 часа Ле Ман

Серискиот модел се базира на концептот со истото име од 2017 година, а BMW ќе понуди и конвертибилна верзија на своите клиенти.

Во однос на концептуалната варијанта, сериското купе ќе има „поприфатлив“ дизајн на екстериерот. Под хаубата треба се најдат мотори од BMW Серија 7, така што основната верзија треба да се напојува со 3.0 TwinPower Turbo со 6 цилиндри и 335 КС, а тука е и 4.4-литарскиот TwinPower Turbo V8 кој ќе биде достапен со 455 КС.

Во план се и M8 купе и кабриолет, кои како погон ќе користат 4.4-литарски V8 од BMW M5.