Со дизајнерска награда за 2018 година можат да се пофалат моделите Stinger, Stonic i Picanto

Спортската лимузина Stinger, компактниот кросовер Stonic и третата генерација на малиот Picanto, се овогодинешни победници, секој во својата категорија, на Red Dot Awards, објавија од јужно-корејската компанија.

Моделот Stinger e дополнително награден со тоа што меѓународното жири му ја доделил наградата „Најдобар од најдобрите“, со што е посебно награден дизајнот на овој модел на Kia.

Тројната победа за 2018 година е продолжение на успешниот низ на Kia, која почнувајќи од 2009 година и наградата за моделот Soul, има 21 награда од Red Dot во својата колекција.

Изборот Red Dot Awards кој се организира од 1955 година под покровителство на Центарот за дизајн Рен-Вестфалија, важи за еден од најпрестижните во светот.

Жирито се состои од 40 независни експерти, вклучувајќи независни дизајнери, професори по дизајн и новинари.

Наградите се доделуваат во три категории (дизајн на производи, комуникациски дизајн и концепт дизајн) врз основа на критериуми како што се иновации, формален квалитет, функционалност и еколошка соодветност.

За наградите во 2018 година, конкурирале компании од 59 земји со повеќе од 6.300 производи.