Растечкиот проблем во автомобилската индустрија се сведува на користење на изолациja на жици заснована на соја наместо материјали базирани на нафта

Tesla е последниот производител на автомобили кој има проблеми со напади од глодари. Според New York Post, поплаките дека автомобилите на Tesla ги напаѓаат стаорци се зголемени и предизвикуваат голема загриженост кај многу сопственици. Разбирливо, купувачите на нови автомобили не се воодушевени од фактот дека платиле висока премија за модерен автомобил, а потоа дознаваат дека истиот е примамлив за глодарите поради употребата на одреден вид материјал.

Каде е проблемот? Растечкиот проблем во автомобилската индустрија се сведува на употреба на изолација на жици базирана на соја наместо материјали на база на нафта користени до пред една деценија. А сојата ги привлекува глодарите…

Неколку производители на автомобили веќе се соочија со судски спорови во врска со растечките проблеми со стаорците, но, барем до сега, тоа не е случај и со Tesla. 

Секако, тоа може да се промени, бидејќи сè повеќе автомобили на Tesla се појавуваат во градовите со значителна популација од глодари како Њујорк, пренесува NYP.