Себастијан Фетел оваа година се соочува со бројни критики, но тој вели дека не му се потребни бидејќи тој самиот си е најостат критичар на неговите настапи …

Пред 12 месеци, на Фетел му се случи „распад на системот“. На домашната трка ја имаше водечка позиција, водеше и на ранг листата на возачи во шампионатот, но излета од патеката и му подари предност на главниот ривал Луис Хамилтон. По таа трка за Фетел се тргна во погрешна насока.

„Вистинска трка“ извозе само уште во Белгија, каде што ја прослави и последната победа, во август 2018 година. Оваа сезона до победата беше блиску во Монтреал, дури и ја помина целта како прв, но поради добро познатите причини победата му беше одземена, а на победничкиот пиедестал повторно на највисокото место се искачи Хамилтон.

Следеше низа на уште послаби настапи, што кулминираа во Силверстоун со сосема погрешната процена во дуелот со Макс Верстапен и ударот во задниот дел од болидот на Red Bull.

Без оглед на се, Фетел не се согласува со тезата да „пука“ под товарот на големите очекувања од него. Тој вели дека е сеуште најжестокиот критичар на неговите сопствени резултати.

„Секогаш притискам, па не можам да бидам среќен ако работите тргнат наопаку. Ако направам нешто погрешно, не можам да бидам среќен со тоа, но верувам дека притисокот што си го создавам е далеку поголем од кој било надворешен фактор“, вели Фетел. „Така е од секогаш, откако помнам. Мислам дека тоа е најдобриот и најискрен начин, бидејќи знам кога сум направил нешто погрешно, а кога добро. Знам кога сум имал шанса да постигнам успех. Мислам дека човекот е најдобриот судија сам за себе, без разлика што направил“, додава Фетел.

Себастијан во Ferrari e од 2015 година, но успехот кој сите фанови на тимот го посакуваат, никако да се случи. Се очекуваше дека Германецот ќе ја врати титулата во Маранело, но од година во година фрустрациите предизвикани од поразите од Mercedes се се поголеми. Но, Фетел не мисли дека таквите очекувања претставуваат проблем.

„Да излезете на патеката и да возите за Ferrari не е товар, туку привилегија. Мојата мисија и мојата цел, како и целта на Ferrari, е да се вратам на победничка патека. Ако успееме во тоа, ќе имаме многу подобри шанси да се бориме за првенството“.

На Ferrari сè уште му недостасува „нешто“, за да може да се справи со Сребрените стрели. На почетокот од годината се очекуваше дека ова би можело да биде „таа“ сезона, но работите повторно отидоа во погрешна насока.

„Мислам дека развојот сега оди во вистинска насока, ако ја погледнеме пошироката слика. Меѓутоа, пошироката слика не ве интересира ако не сте таму каде што би сакале да бидете. Сите знаеме дека Formula 1 е свет во кој луѓето се доста кратковидни, што е нивно право и дел од оваа игра, но севкупното гледање на работите изгледа добро. Ни недостасува тој последен чекор, кој воедно е најважен“.

Сега пред новата домашна трка, ГН на Германија, овој викенд, сите се прашуваат дали Фетел ќе може да се „извади“ за минатогодишната грешка и со една добра трка и победа да ја прекине негативната низа на резултати.