Seat Leon доби нов мотор на метан
Шпанскиот производител ја прошири понудата со Leon TGI верзија опремена со 1.5-литарски турбо бензинец кој како гориво може да користи и компримиран природен гас
Seat Leon претходно беше достапен со 1.4-литарски турбо мотор кој покрај бензин користеше и метан (CNG), а новиот 4-цилиндерски мотор на компримиран природен гас има капацитет од 1.5-литри.
Верзијата наречена Leon TGI Evo располага со 130 КС (96 kW) и 200 Nm, а моќта до тркалата се пренесува преку 6-степен мануелен или 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Максималната брзина на автомобилот е 205 km/h во варијанта со рачен менувач.
Покрај бензинскиот, Seat Leon TGI Evo има и три резервоари за метан со волумен поголем споредбено со претходната CNG верзија на овој модел. Така, автомобилот сега може да помине и до 500 километри кога за погон се користи исклучително компримиран природен гас.