По Женевската премиера на концепт изданието, Formentor, Cupra повторно го прави она што го знае најдобро

Станува збор за Leon Cupra R ST, кој ќе биде достапен во Европа кон крајот на овој месец. Под хаубата на овој hot-hatch се наоѓа 2.0 TSI мотор со асистенција од 4Drive погон на сите тркала и седум-брзински DSG менувач. Агрегатот  испорачува 300 КС, па се заедно е доволно до 100 km/h да се стигнува за 4,9 секунди.

Во овој Leon се „набилдани“ и некои други технички детали, вклучувајќи ја и суспензијата на предната оска за побрзо поминување и подобра контрола на возилото преку кривини, како и странични отвори за воздух за подобро ладење. На задната страна, спортскиот звук се шири од четирите краеви на издувните цевки.

Leon во ова издание ќе биде достапен во четири нијанси – „Magnetic Tech“, „Midnight Black“, „Nevada White“ и „Blackness Gray“, со тоа што оваа последната е ексклузивна за овој модел, исто како и 19-инчните тркала со Brembo сопирачки.

Што се однесува до ентериерот, шмекот на оваа Cupra се чувствува со изборот на материјали. Тука е ткаенината која имитира јаглеродни влакна, „бакарни“ акценти на контролите од климатизација, централната конзола, логото на воланот и рабовите од седиштата. За управувачот и рачката на менувачот е искористена Алкантара.

 

Loading...