Германскиот Porsche оваа година обележува половина век јубилеј од легендарниот тркачки модел 917

Во чест на овој јубилеј Porsche подготвил модерна верзија која ќе биде изложена во музејот на компанијата. За жал на фановите на брендот, Porsche јасно стави до знаење дека станува збор само за концепт. Освен една слика од елегантниот спортист во црвено-бела боја, од Porsche нема дополнителни детали.

Премиерата на концептот се очекува за време на специјалната изложба од 14 мај до 15 септември оваа година, која ќе вклучува најмалку 10 реставрирани 917 модели со вкупна моќност од 7.795 КС.

Само една година по своето деби, моделот 917 е победник на Ле Ман, што е најголем мотоспорт успех за Porsche досега. Титулата е одбранета и следната година, но со модифицирана турбо верзија. Моделот ќе продолжи да доминира уште неколку години потоа.