Се запали и целосно изгоре Tesla Model S Plaid. Причините засега непознати
Најмоќното и најпрестижно издание на Model S штотуку влезе во продажба, а веќе се случи несреќа во која целосно изгоре еден примерок
Околностите на случајот се мистериозни и истрагата е во тек, па затоа не може да се наведе дека дошло до самозапалување, бидејќи има многу опции кои се дел од потенцијалното сценарио. Автомобилот на Tesla изгорел во близина на градот Филаделфија во САД.
Локалните пожарникари брзо пристигнале на лице место, а меѓу нив имало и луѓе кои биле специјално обучени за гаснење пожари во електрични автомобили. Ваквите случаи се особено опасни затоа што возилата или батериите многу тешко се гасат.
Некои противпожарни станици во Европа дури набавиле и специјални мобилни контејнери кои делуваат како базен во кој се гаснат електрични автомобили, бидејќи постои голема можност тие повторно да се запалат.
И кај овој Model S Plaid дошло до растурање на батериското пакување, бидејќи пожарникарите ги пронашле ќелиите на батериите во близина на автомобилот.