Се за слава: Познат „јутјубер“ има нова автомобилска лудост! / ВИДЕО
На автомобил на Tesla ставил тркала со дијаметар од три метри и го возел наопаку
Некои луѓе се подготвени да ги направат најлудите и најчудните работи за што повеќе прегледи на YouTube. Такво е и новото видео со Tesla Model 3 опремено со тркала високи 3 метри.
Ако не сте запознаени со WhistlinDiesel каналот на YouTube, тој е специјализиран за правење смешни акробации со автомобили и други луди работи. Резултатот е секогаш ист – уништување на вклучените автомобили.
Некои од најпознатите подвизи на тимот вклучуваат „горење гуми“ со Dodge Challenger Hellcat опремен со тркала за коњски запреги, уништување на Ferrari на терен по кој не е за таков автомобил, гмечење на Nissan Skyline GT-R и возење на целосно новиот Mercedes AMG G63 во длабоко мочуриште.
Во своето најново видео, Коди Детвилер и неговиот тим земале Tesla Model 3 и го ставиле на еден куп „тестови“ за да видат колку е издржлив. Но, најважниот момент на видеото е кога Model 3 добива драматично ажурирање на растојанието од тлото благодарение на прилагодените челични тркала слични на оние за кочија.
Тркалата од 3 метри се огромни, и тоа не е само за драматичен ефект. Целта била Tesla да се постави на тркала доволно високи за да се вози наопаку без покривот на автомобилот да ја допира земјата. Ако се прашувате како успеале да го свртат моделот 3 наопаку, епа за тоа служат багерите.
На крајот од клипот, Тесла оди надолу со голема брзина. Претпоставувате, тоа не може да заврши добро…