Mercedes продолжува да се шири и наскоро понудата ќе биде збогатена со модел GLB

Фокусот е, се разбира, SUV понудата, што значи нови изведби и модели кои во блиска иднина може целосно да ја преземат носечката улога во продажбата на компанијата. Еден од нив е GLB, а Mercedes ќе го претстави на престојниот автомобилски салон во Шангај во концептуално издание.

Првиот откриен детаљ е рендер од внатрешноста, кој Mercedes го објави на социјалните мрежи, а потоа го повлече. А она што е видливо е поинаков пристап споредбено со малиот GLА, сега со лебдечки дизајн на целата предна плоча, а не само на централниот екран. Единствено препознатливи се отворите за вентилација и решението на копчињата за прилагодување на седиштата.

Иако логиката вели дека се наоѓа помеѓу помалиот GLA и поголемиот GLB, многу е веројатно е да биде претставен во форма на намалена класа G. Се разбира, тука се мисли исклучиво на дизајнот, а не на возните карактеристики и архитектурата. Како и да е, луксуз нема да недостасува.