Сè што е поврзано со Илон Маск или неговиот водечки бренд Tesla, брзо станува бестселер

Не е важно дали се работи за шорцеви, шише текила или фрлач на пламен. Ако производот го промовира најбогатиот човек на светот, можете да бидете сигурни дека луѓето ќе купуваат во толпа. Последниот пример е парфемот на Илон Маск наречен „Burnt Hair“. Чини 100 евра, а за помалку од 24 часа се продадени 20.000 шишиња.

Парфемот доаѓа во впечатливо црвено стаклено шише. Неговиот превод би бил „изгорена коса“, но бидејќи испораките на оние кои веќе ја купиле нема да започнат до првиот квартал на 2023 година, не e познато дали навистина ќе мириса на оваа препознатлива арома или можеби нешто попријатно.

Директорот на Tesla преку својот омилен комуникациски канал Twitter објави дека парфемот може да се искористи за купување Dogecoin, а неколку часа подоцна објави дека веќе се продадени 10.000 шишиња.

Оваа бројка се зголеми на 20.000 за само 10 часа. Тоа значи дека, ако парфемот се продавал за 100 евра, што помножено со 20.000, изнесува вкупно 2,05 милиони евра.

Се разбира, Tesla нема да го дизајнира, флашира и продава мирисот на Маск. За тоа ќе биде задолжена друга компанија, но тоа сигурно нема да им пречи на фановите на директорот на Tesla.