![Сè се менува: До 2030 година секој втор возач ќе се откаже од возило во лична сопственост!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2022/11/Car-Sharing-1.webp)
Сè се менува: До 2030 година секој втор возач ќе се откаже од возило во лична сопственост!
Јавниот превоз ќе се движи кон индивидуална мобилност, со возни редови диктирани од потребите на потрошувачите, наместо однапред дефинирани како во традиционалниот јавен превоз
Една од возедчките светски консултантски компании за менаџмент и технологија BearingPoint сугерира дека одлуките за мобилност во Европа и светот ќе бидат многу различни од денес веќе во 2030 година. Студијата „Destination 2030, Who’s in the driver seat for the future of mobility?“ идентификува три трендови кои ќе ја придвижуваат мобилноста во наредните години:
1.) секое патување ќе стане персонализирано искуство
2.) нема да се преговара за климатска неутралност – од лулка до гроб
3.) возачите повеќе ќе користат услуги отколку сопствени возила
Студијата произлегла од интерно истражување на BearingPoint на ставовите на клиентите во сите индустриски сектори и придонеси од лидерите во индустријата и технологијата на консултантската фирма. Студијата вели дека далечинското работење, енергетските кризи, климатските промени и прекините на синџирите на снабдување длабоко ја менуваат побарувачката за мобилност и насоката и темпото на промени.
Дури 87% од учесниците во анкетата сметаат дека поретко ќе патуваат на работа, а 81% се изјасниле дека значително помалку ќе одат на службени патувања во однос на 2019 година, а доколку овој тренд продолжи ќе се одрази на инвестициите во инфраструктурата. Зголемените трошоци поврзани со развојот на нова инфраструктура за мобилност не можат целосно да се пренесат на крајниот корисник. Можеби ќе треба да се спроведе и законодавство за да се постигне соодветна инфраструктура за поддршка на електричните возила. Лиценцирањето и спроведувањето ќе го префрлат фокусот од поединецот кон давателот на услуги – вели Ендрју Монтгомери, глобален директор за државниот и јавен сектор во BearingPoint.
За климатската неутралност повеќе нема да се разговара, се вели во студијата, која укажува дека 80% од произведените мотори ќе бидат поеколошки до 2030 година. Ќе се зголемат инвестициите во инфраструктурата во активности како пешачење и возење велосипед. Половина од учесниците (49%) велат дека се подготвени да ја жртвуваат сопственоста на возилата за да го намалат нивното негативно влијание врз животната средина до 2030 година.
Бидејќи корисниците повеќе ќе користат услуги како што се споделување на автомобили, а не сопствени возила, тие ќе се префрлат на услуги по барање. Услугите и софтверот ќе бидат поважни за општиот потрошувач отколку сопственоста на возилото, бидејќи софтверските платформи ќе го оркестрираат целото патување.