Сопственик на Jeep Wrangler на потешкиот начин дознал дека иако Wrangler е многу способно теренско возило, не може да се справи со заледени патишта покриени со снег без добри зимски гуми и синџири

Инцидентот неодамна е снимен во Heavenly Resort во South Lake Tahoe, САД, област во која минатата недела падна многу снег. Возачот се обидувал да се искачи на одморалиштето на врвот, но на крајот предизвикал верижен удар што не требало да се случи.

Во видеото, прво го гледаме Jeep-от како се соочува со мала нагорнина и низа возила кои се враќаат назад. Штом возачот наидува на лизгав коловоз, возилото почнува да се лизга и удира во снежниот насип. Тоа е моментот кога возачот требало да застане и да чека да се подобрат условите.

Наместо тоа, возачот се обидува во рикверц да излезе снежниот насип и притоа возилото се врти и почнува да се лизга наназад по ридот. Возилото потоа полека удира во друг снежен насип и продолжува со пируети додека полека се лизга по ридот.

Видео снимката покажува дека Wrangler потоа удира во бела Tesla Model 3, туркајќи го електричниот модел надолу по ридот во други две возила. Jeep-от застанал дури кога се заглавил во еден од снежните насипи.

Иако е жално што Tesla и две други возила учествувале во несреќата, среќа е што сè било снимено на видео, што значи дека возачот на Jeep ќе мора да има тежок разговор со неговото осигурување за поправање на оштетените автомобили.