Sauber F1 тимот го промени името во Alfa Romeo Racing
Sauber официјално исчезнува во новата сезона и го носи името Alfa Romeo Racing
Минатата година, Alfa Romeo стана главен спонзор на тимот што е прв контакт на оваа марка со Formula 1 од 1985 година. Новото име е всушност старо, имајќи предвид дека тимот што ја освоил титулата во 1950 и 1951 година го носел токму ова име.
Името на Sauber во Formula 1 беше присутно од 1993 година. Од тогаш, во сите сезони, освен во 2014 година, тимот освојувал поени во текот на сезоната.
Alfa Romeo Racing ќе ги користи агрегатите на Ferrari од претходната сезона, што значи дека оваа година ќе биде овој тим ќе биде многу поконкурентен. Упатените наведуваат дека овој тим би можел да биде едно од големите изненадувања во 2019 година, првенствено поради моќниот агрегат и искусниот тим.
Во новата сезона од Formula 1 шампионатот за Alfa Romeo Racing ќе возат Кими Раиконен и младата надеж од програмата за возачи на Ferrari, Италијанецот Антонио Ѓовиначи.