Само во Русија: Транспортер на интерконтинентални нуклеарни ракети се судрил со Porsche!
Иако вакво нешто е незамисливо во Европа, во Русија возилата за транспорт на балистички ракети се вообичаена глетка на локалните патишта
Во Русија се случила бизарна сообраќајна несреќа која веројатно нема да ја видите никаде на друго место во светот. Воен камион наменет за транспорт на интерконтинентални балистички ракети учествувал во тешка сообраќајна несреќа што се случила некаде во Русија. Се се случило на 4 август, а веста за тоа деновиве се прошири на социјалните мрежи.
Фотографиите покажуваат како огромно воено возило од типот MAZ-7917 за транспорт на смртоносните ракети RT-2PM Topol удрило во Porsche Cayenne и понов модел на Lada.
The scene of the collision between an ICBM training vehicle and a car in Russia, August 4, 2022. pic.twitter.com/yM5BsTfw0o
— NUKES (@atomicarchive) August 5, 2022
За среќа, џиновскиот камион тежок повеќе од 30 тони, наводно, не носел проектил со нуклеарен врв во моментот на несреќата, туку само куќиште од проектил исполнето со вода и песок за да се симулираат условите за транспорт на интерконтинентална нуклеарна ракета.
Несреќата се случила во градот Барнаул, во Руската Република Алтај, кој се наоѓа на југот на Западен Сибир на тромеѓето со Кина и Монголија. Некои детали за несреќата се објавени во тамошните медиуми, а според нив, возачот на Porsche-то удрил во Lada-та и потоа заедно завршиле под тркалата на воениот транспортер.
Иако вакво нешто е незамисливо во Европа, во Русија возилата за транспорт на балистички ракети се вообичаена глетка на локалните патишта, па постои можност да се случи ваква бизарна несреќа.
RS-24 Yars mobile intercontinental ballistic missiles stuck in a traffic jam at Moscow Automobile Ring Road.
(https://t.co/QlLhtVmvoV) pic.twitter.com/mLlrUXjM4l
— Ruslan Trad (@ruslantrad) February 26, 2019
Балистичката ракета RT-2PM Topol (НАТО име – SS-25 Topol) е мобилен систем што вообичаено се транспортира со такви специјални камиони. Во употреба е од 1997 година и е првата интерконтинентална балистичка ракета развиена од Русија по распадот на СССР. Дострелот на ракетата е до 11.000 километри, а носи една нуклеарна боева глава. Русија наводно поседува 87 вакви проектили, од кои девет се стационирани во близина на градот Барнаул.
Порталот Nuclearsecrecy.com проценува дека во случај на експлозија на оваа ракета од 1 мегатон над голем западен град, повеќе од 1,5 милиони луѓе ќе бидат убиени веднаш, додека околу три милиони ќе бидат повредени.