Научници од Институтот за истражување на челик и легури во Москва, оддел за обоени метали и злато, под контрола на професорот Александар Громов, развиле метод за производство на алтернативно гориво (водород) од алуминиум и други обоени метали

Со обработка на една лименка од газирани пијалоци од 0,33 литри, можно е да се добие доволно гориво за поминување на 20 метри со автомобил.

Количината на лименки кои се трошат секоја година на рускиот пазар се проценува на две до три милијарди. Една лименка е тешка околу 15 грама. Откако ќе се искористи, вообичаено е да се одложи во контејнер за отпад, заедно со друг отпад од алуминиумско потекло.

Европските резерви на алуминиумски отпад испуштаат водород во атмосферата, без никаква корист за човекот во однос на речиси 50% непреработени суровини. Се проценува дека на овој начин неповратно се губат 9 милиони тони водород годишно, што е еквивалентно на неискористена енергија од 130 тераџули.

При складирањето, алуминиумот постепено оксидира и во атмосферата постепено испушта експлозивен хемиски реагенс – водород. Така, не само што се губи многу енергија, речиси бесплатна, туку околната средина непотребно се загадува со огромни количества отпад.

Тим на истражувачи од наведената институција, како и Институтот за високи температури при Руската академија на науките, предложил користење на отпадот од алуминиум за извор на алтернативна и зелена енергија како реагенс во производството на водород. Во реакцијата на алуминиумот со вода, доаѓа до ослободување на водород, кој може да се користи за палење или оксидација за да се произведе електрична енергија за возило управувано од водородни ќелии. Количината на енергија што може да се екстрахира од една лименка, тешка 15 грама, изнесува околу 255 килоџули, што е доволно за 20-метри возење.

„Ние предложивме систем кој вклучува анализа на суровини, оптимални методи на дробење на отпадот од алуминиум, развој на механизми за оксидација и режими, како и начин на складирање. Исто така, развивме и опрема за производство на водород, аналогно на генераторот на јаглероден ацетилен“, вели професор Громов.

Предложената технологија е отпорна на оган и експлозија, и обезбедува практично решение за три проблеми: рециклирање на отпадот од алуминиум и други метали подложни на реакција со вода, производство на потполно бесплатен водород и зголемување на свеста за потребата за селектирање и рециклирање на отпадните материјали.

Вака добиениот водородот може да се користи како гориво во мини-системи, како што се автомобилите.

Лабораториските тестови се во тек.