Руските власти забрзано работат на одлука за иднината на капацитетите на Renault на руска територија.

Откако Renault се предомисли и ја затвори фабриката во Москва, не требаше долго да одговорат руските власти. Имено, во понеделникот Renault започна со производство во фабриката од која излегуваат бројни модели како Duster, Kaptur, Arkana и Nissan Terrano, а по неколку дена под притисок на јавноста се предомисли и ја прекина понатамошната работа.

Со ова Renault ја ризикуваше својата фабрика, но и мнозинската сопственост во AvtoVAZ, која има уште две големи фабрики и со кои Renault контролира 30 отсто од рускиот пазар. Со тоа се отвора можност од претходните предупредувања од Русија за можноста за национализација на имотот на странските компании кои се повлекуваат од Русија.

„Министерството за економија и трговија ќе разговара за можностите „Renault Russia“ да соработува со властите во Москва. Заедничкото решение ќе биде објавено до крајот на следната недела. Министерството е во постојан контакт со AvtoVAZ и Renault, соопшти Кремљ.

Руските власти моментално работат на обезбедување на деловите потребни за стартување на погоните на AvtoVAZ во Тољати и Ижевск, пренесува Reuters. За неколку дена треба да се дознае судбината на московските погони.