Со оглед на тоа дека почетокот на MotoGP сезоната е на чекање, Dorna потврди дека некои од најголемите ѕвезди од најмоќната класа ќе настапат во виртуелна трка

Aктуелниот шампион, Марк Маркес и неговите ривали на 29 март ќе се појават на дигитална патека, „возејќи“ со официјалната MotoGP видео игра.

Repsol Honda Team: Marc Marquez, Alex Marquez
Monster Energy Yamaha MotoGP: Maverick Viñales
Aprilia Racing Team Gresini: Aleix Espargaro
Team Suzuki Ecstar: Alex Rins, Joan Mir
Petronas Yamaha SRT: Fabio Quartararo
Red Bull KTM Tech 3: Iker Lecuona, Miguel Oliveira
Pramac Racing: Francesco Bagnaia

На патеката Мугело не очекуваат шест тркачки круга, а пред трката ќе има пет минути квалификации за да се утврди стартниот грид.

Настапот е предвиден да започне во 15:00 часот во недела на 29 март, а вп живо ќе се пренесува преку социјалните медиуми.

Првата вистинска трка во MotoGP во новата сезона е предвидена да се одржи во Херес, на 3 мај, иако големи се шансите стартот (повторно) да биде одложен најрано до јуни.