По успешната колекција „Пастел“ која беше претставена минатата година, во Rolls-Royce решиле да претстават нова колекција наречена Neon Nigths, секако во ограничена серија

Вo понудата се модели како Dawn, Wraith и Cullinan Black Badge, а бојата на автомобилот е со неонски ефекти, што прави моделите да се истакнуваат од останатите. Ова првично беше направено за САД, за да се прошири и поглобално со оглед на големата побарувачка.

“Сите три автомобили се фасцинантни кога ги гледаме, сè изгледа спектакуларно. Бојата носи нов, интензивен изглед на веќе предизвикувачките автомобили чија убавина особено се рефлектира кога ќе достигнат одредена брзина”, велат од Technicla FIbre.

Цената, барем засега, е непозната.