Mercedes дава се од себе да го промовира EQC 4×4² и очигледно е дека имаат големи планови за овој модел

Тактиката веројатно нема никаква врска со овој конкретен модел, туку со она што го претставува – електрификацијата на целиот Mercedes. Се верува дека германската марка го претстави EQC 4×4² само како вовед во приказната за електричната G-класа. G-Wagen со погон на батерии треба да се појави во наредните години, како дел од планот за електрифицирање на целото портфолио на Mercedes.

Во најновата снимка на производителот од Штутгарт преку која може да се пофали со својот електричен SUV, можеме да го видиме EQC 4 × 4² во предизвикувачко возење низ вода…

Погледнете го видеото: