РКЕ повторно ги намали цените на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 02.05.2022 година
- Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,455 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 02.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 39,620 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,905% или за 40,2000 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 5,550 или за 39,000 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 5,333% или за 36,100 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,615% или за 22,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,9160 ден/$ и е за околу 0,031% повисок од курсот на доларот (55,8987 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.