РКЕ: Од утре мал пад на цените на бензините и дизелот
Со последната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 01.11.2021 година
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се намалуваат за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на
нафтените деривати и горива за транспорт од 01.11.2021 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,445 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,637% или за 21,400 $/тон, кај дизелот намалување во просек за околу 2,055 % или за 14,850 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 2,660 % или за 18,900 $/тон, и кај мазутот намалување во просек за околу 2,234 % или за околу 11,900 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 53,2074 ден/$ и е за околу 0,146 % повисок од курсот на доларот (53,1295 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.