Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,94%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 010.01.2021 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се зголемуваат за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, додека малопродажната цена на
ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 69,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 69,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,103 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,827 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за 3,166 % или за 23,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 5,266 % или за 36,150 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 5,419 % или за 37,050 $/тон, и кај мазутот зголемување во просек за околу 3,778 % или за 19,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 54,3045 ден/$ и е за околу 0,341% понизок од курсот на доларот (54,4905 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.