РКЕ: Бензините со намалена цена!
Со последната одлука на РКЕ е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,66% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 01.05.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, е намалена за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95, изнесува 83,00 ден/лит.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, е намалена за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98, изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 84,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) е намалена за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС е зголемена за 0,361 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 01.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 42,171 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,137% или за 18,150 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,131% или за 1,200 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 1,045% или за 9,150 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 2,090% или за 9,500 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 59,2852 ден/$ и е за околу 0,176% понизок од курсот на доларот (59,3895 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.