Rivian R1T е првиот моќен електричен пикап
Опремен со огромни батерии и моќен електро погон, со перформансите на и надвор од асфалтот може да парираат на скоро секој камионет, па и теренец воопшто
Станува збор за пикапот Rivian, а први кои ќе можат да го видат се посетителите на салонот во Лос Анџелес. Неговото име е R1T и авторите го претставуваат како авантуристичко возило, се разбира електрично. Моделот располага со пет седишта, одличен товарен простор (задниот товарен простор на Rivian е водоотпорен) и скоро 650 километри автономија.
Rivian R1T го придвижуваат четири електрични мотори од по 147 kW (200 КС) – секој придвижува по едно тркало на возилото, а максималниот вртежен момент е 1.120 Nm. Возилото може да патува со брзина од 200 km/h, а R1T од 0 до 96 km/h забрзува за само 3 секунди. Клиентите ќе можат да избираат помеѓу три различни конфигурации: 105 kWh, 135 kWh или 180 kWh.
Базната верзијата со 105 kWh обезбедува автономија од 370 километри, средната од 135 kWh обезбедува 482 километри, а батеријата со 180 kWh обезбедува непречено патување од 643 километри.
Производителот забележува дека по половина час полнење на моделот R1T на брз полнач, автомобилот е во можност да го продолжи патувањето и да помине дополнителни 321 километри.
Пикапот R1T ќе се појави во продажба на крајот од 2020 година и ќе чини 61.500 американски долари во САД со државни субвенции. Првите верзии ќе бидат понудени со 180 kWh и 135 kWh батерии, а основниот модел ќе пристигне во 2021 година.
Неговата предност над конвенционалните пикап модели е и тоа што просторот под хаубата, каде што кај овие возила се наоѓа бензински или дизел мотор, е претворен во багажен простор од 350 литри. Производителот наведува дека има и дополнителен багажен простор од 200 литри во подот под задните седишта на возилото.