Сè уште не е официјално, но има индикации

Од изјавата на шефот на Porsche може да се „прочита“ дека до престојното лето хрватскиот Rimac Automobili ќе стане сопственик на Buhatti за поголем удел на Porsche во Rimac

Во наредните месеци, групацијата Volkswagen ќе донесе одлука за потенцијално поврзување на спортската марка Bugatti која е под нивно покровителство и Rimac Automobili.

Колку за потсетување, во септември 2020 година се појавија гласини дека групацијата VW може да му го предаде управувањето на Bugatti на Мате Римац, во замена за поголем удел во Rimac Automobiles под контрола на porsche (во моментов има 15,5% удел во Rimac Automobili).

Сега, извршниот директор на Porsche, Оливер Блуме, фрла ново светло на оваа тема и го поттикнува завршувањето на зделката во интервју за германскиот весник Automobilwoche.

„Во моментов интензивно размислуваме за тоа како може Bugatti и понатаму да се развива како бренд на најдобар можен начин“, вели Блуме. „Rimac би можел да игра важна улога овде бидејќи технолошки се согласува со Bugatti, кој исто така развива хипер спортски модели. Постојат различни сценарија со различни структури и верувам дека Групата ќе одлучи по ова прашање веќе во првата половина на оваа година“, вели тој.

Блуме е всушност вистинската личност за ваквите изјави, бидејќи покрај тоа што го предводи Porsche, тој е и член на управниот одбор на Volkswagen AG.

Според гласините од минатата година, уделот на Porsche во Rimac може да се зголеми од сегашните 15,5 проценти на дури 49 проценти, со тоа што Rimac би го добил брендот Bugatti без парите да го променат сопственикот. Како што моментално стојат работите, Мате Римац поседува 47,7 проценти од Rimac Automobili, а Camel Group и Hyundai Motor Group поседуваат по 14 проценти.