Audi е спонзор на Реал Мадрид и оваа година повторно им додели официјални скапи луксузни и спортски автомобили на играчите

Реал Мадрид е еден од најголемите фудбалски клубови во светот, и очекувано, има многу спонзорски договори со многу компании од различни индустрии, како што се Emirates или Audi.

Веќе е познато дека на година или две германскиот производител на врвни автомобили ги снабдува играчите на Реал со најнови модели, па така клубот преку социјалните мрежи се пофали дека пристигнал најновиот „контингент“ на луксузни „тркачи“ за играчите и тренерот.

Интересно е да се види за кои модели станува збор и која од фудбалските ѕвезди за кој модел на Audi се одлучила.

Така, Касемиро, Валверде, капитенот Рамос и тренерот Зидан ги избрале најспортските RS модели (RS 6, RS 7 и RS К8), додека шпицот на Реал, Карим Бензема се покажал некако најскромен и го избра најевтиниот модел од сите играчи: Audi Q5 40 TDI.

Сепак, повеќето од 22 SUV модели се големи SUV модели од типот Q7 и Q8 кои кои користат дизел гориво, а токму Q8 50 TDI quattro Tiptronic со 286 коњски сили е изборот на Лука Модриќ.

Одриозола, Васкез, Марсело и Марко Асенсио ја избрале спортската лимузина А7 Sportback, а дека доаѓаат и некои нови времиња покажува и изборот на Вичиниус и Варан кои го избрале електричниот спортски модел e-tron Sportback 55 quattro.