Audi R8 сепак може да има иднина благодарение на Rimac Cars

Според пишувањето на магазинот Car, R8 ќе добие електричен наследник во 2023 или 2024 година, а ќе биде наречен RS e-tron.

За таа цел, Audi наводно преговара за соработка со Rimac, кој е еден од лидерите во производството на компоненти за електрични автомобили.

По импресивните резултати со неговите концепти Concept One и C_Two, се чини дека Rimac стана важен играч во сегментот на електрични возила.

Rimac веќе соработувано со сестринската компанија на Audi, Рorsche, а се шпекулира дека ќе работи и со Bugatti на првиот SUV во гамата на француската компанија, а можеби и со Lamborghini. Сите овие брендови се дел од германската групација Volkswagen. 

Rimac наводно ќе го снабдува Audi со четири електрични мотори и батерии што брзо се полнат.

Се шпекулира дека електричниот Audi R8, поточно RS e-tron, до 100 km/h ќе забрзува за 2,5 секунди со погон на сите тркала.

Со оглед на тоа дека може да биде базиран на J1 платформата на која Porsche го изгради Taycan, електричниот R8 би можел да има моќност од 950 КС со автономија до 500 километри.

Loading...