![Револуција: BMW најавува технологија која целосно ја менува надворешната боја на автомобилот](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2021/12/o_23082145_1280.jpg)
Револуција: BMW најавува технологија која целосно ја менува надворешната боја на автомобилот
BMW ќе ги открие деталите на Саемот за потрошувачка електроника (CES) во Лас Вегас на 5 јануари 2022 година
Најголемиот светски саем за потрошувачка електроника, Consumer Electronics Show (CES), ќе се одржи од 5 до 8 јануари следната година во Лас Вегас.
Освен претставувањето на новиот електричен SUV модел iX M60, челниците на BMW најавија и претставување на технологија која ќе ја менува надворешната боја на возилото со притискање на прекинувач во салонот.
Баварците засега не откриваат за што точно се работи и како имаат намера промената на бојата на каросеријата да ја усогласат со законот, но најавуваат дека не се работи за нијанси туку за целосна промена на бојата на автомобилот.