Рестилизираната Toyota Prius во Европа со погон на сите тркала
На крајот од месец ноември во Лос Анџелес, Toyota ја претстави рестилизираната верзија на својот најпопуларен модел на хибриден погон, а овој автомобил наскоро ќе биде достапен и за купувачите на европскиот пазар
Редизајнот вклучува промени на надворешноста на автомобилот, но исто така и една значајна новина – AWD или погон на сите четири тркала.
Стилските интервенции на моделот за моделната 2019 година вклучуваат нов преден браник и рестилизирани фарови. Производителот, исто така, го променил изгледот на браникот, како и стоп светлата, кои сега се поконвенционални од моделот пред рестилизацијата.
Погонот на сите тркала досега беше опција достапна на одделни пазари, вклучувајќи ја и Јапонија. Кога Prius е опремен со оваа опција, автомобилот има дополнителен електричен мотор кој испраќа енергија на задните тркала при брзина од 10 до 70 km/h.
Електричниот мотор потребната електрична енергија ја добива од новата никел-метал хидриднаа батерија која е дизајнирана да обезбеди добри перформанси, особено во услови на ладно време. Оваа батерија се наоѓа под задните седишта и не влијае на корисниот багажен простор.
Во срцето на хибридниот погон и понатаму е 4-цилиндерски 1.8-литарски бензинец, додека вкупната моќност на системот е 122 КС, додека максималниот вртежен момент е 142 Nm.
За пренос на моќноста, сеуште се користи добро познатиот менувач со континуирано-променлив степен на пренос (CVT).