Ова е новиот Hyundai i20, модернизирана верзија на втората генерација на корејскиот претставник во В сегментот, кој е во продажба од 2014 година

Продажбата во Европа започнува со почетокот на летото, а се очекува нешто повисока цена од сегашниот модел. Секако, цената ќе се разликува во зависност од пазарот, според чиј вкус и моќ на плаќање се креираат, основните и други пакети на опрема.

Промените не се радикални. Сепак, изгледот е надграден со нов дизајн на решетката на ладилникот, двобојна каросерија и редизајнирани задни светла. Тука се и новите фелни од лесна легура од 15 и 16 инчи.

Во патничкиот простор се имплементирани посовремени технолошки решенија. Нов е екранот на таблата со инструменти со дијагонала од 7 инчи и целосно компатибилен со функциите: Android Auto и Apple CarPlay. Моделите со повисоки пакети на опрема опрема ќе добијат понапреден инфо-забавен систем, со навигациски карти.

Во согласност со генералниот тренд, Hyundai од моторната гама го исфрлил 1.4-литарскиот дизел мотор, а во понуда остануваат 3-цилиндерските еднолитарски турбо бензинци со моќност од 100 и 120 КС. Со послабиот од овие два мотори, ќе биде можно да се нарача и 7-степена автоматска трансмисија со двојна спојка, што ќе биде прв случај во историјата на моделот.

Покрај турбо агрегатите, купувачите – традиционалисти, ќе можат да добијат и атмосферски агрегат со волумен од 1,2 литри, а со моќност од 75 или 86 КС. За оваа единица, единствената опција е 5-степен рачен менувач.

Hyundai i20 ќе има нови сигурносна опрема, како дел од пакетот кој производителот го нарекува SmartSense: предупредување за напуштање на лентата на движење, асистенција за одржување на сообраќајната лента, самостојно сопирање во критични ситуации и друго.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1ZP9Dj4zcFGOcLW_BmPzge6UhE2Aieoom” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]