Рендер: Вака ќе изгледа новиот романски бестселер Dacia Duster од кој брендот очекува многу
Само во Европа, Duster беше најпродаваниот SUV на пазарот минатата година, а втор најпродаван модел на Dacia во целина
Веројатно може слободно да се каже дека Duster е меѓу најважните модели за Dacia. Со испорачани 197.100 единици низ целиот свет минатата година, ценовно прифатливиот SUV сега може да се пофали со повеќе од 2 милиони кумулативни продажби од неговото првобитно деби во 2010 година.
Само во Европа, Duster беше најпродаваниот SUV на малопродажниот пазар минатата година, а втор најпродаван модел на Dacia во целина.
Романскиот производител на автомобили ја потврди новата генерација на Duster претходно оваа година, а тој беше забележан во камуфлирана форма пред околу една недела.
Сега, благодарение на тимот од Kolesa.ru и нивниот рендер, можеме да видиме и како би можел да изгледа. Она што го гледате на фотографиите не се официјални рендери или слики, иако овие дигитални рендери користат шпионски фотографии како основа и се обидуваат да ја откријат целата камуфлажа.
Првиот поглед на новиот Duster покажа маскиран прототип кој веќе носи сериска каросерија и светла. Иако не е сè видливо, добро се гледа вкупната големина и обликот на моделот, како и некои ситни детали како задните диск сопирачки и рачките на задните врати скриени во Ц столбот.
Dacia го претстави дизајнерскиот јазик за новиот Duster со концептот Bigster кој Ќе добие и сериска верзија, а која ќе стане првиот модел на брендот во сегментот Ц кога ќе се појави на пазарот некаде во 2025 година. Ќе биде долг околу 4,6 метри, оставајќи доволно растојание од новиот Duster за малку да порасне во големина и да понуди уште повеќе простор во кабината.
Поместувањето кон архитектурата CMF-B на Renault-Nissan Mitsubishi треба да донесе и подобрувања во поглед на пакувањето, што ќе го направи новиот Duster попрактичен од моделот во заминување.
Зборувајќи за новите основи, платформата CMF-B, која моментално ја користат неколку други модели од Renault, Nissan и Mitsubishi, ќе и овозможи на Dacia конечно да стави хибриден погон под хаубата. Хибриден мотор без прилучок споделен со Jogger веројатно може да се смета за сигурен во овој момент, а на пат е веројатно е и plug-in систем.